Други корисни апликации во облак

Научете за апликациите во облак коишто имаат некои необични функции што може да бидат забавни и корисни.

Апликациите во облак може да бидат безбеден начин да истражувате нови намени на интернетот. Можете да откриете нови начини да им праќате пораки на пријателите, да посетите виртуелна уметничка галерија или да создадете личен планер. Овој курс ќе се занимава со неколку од тие апликации.

Апликации во облак што може да бидат корисни

Апликациите во облак во овој курс функционираат на мобилни уреди и компјутери, и во овој курс ќе научите како да пристапувате до нив користејќи компјутер и веб-прегледувач.

Google Earth и Google Travel

Овие апликации во овозможуваат да го видите светот од дома, а може дури и да даваат персонализирани предлози за патувања. За да пристапите до нив:

  • посетете ја google.com и најавете се со адресата на е-пошта и лозинката на сметката на Google (Google account)
  • кликнете на иконата на мрежа со апликации (app grid icon) за да го отворите панелот со икони на апликации (app icon panel)
  • побарајте ги во панелот иконите на Earth и Travel
  • кликнете на иконата на апликацијата што би сакале да ја употребите.

Google Earth покажува тридимензионален приказ на глобусот. Можете да:

  • кликнете за да зумирате на земји и градови и да го вртите глобусот со глувчето
  • ја користите иконата за пребарување за да ви помогне да најдете точна локација
  • ја користите алатката за мерење за да пресметате растојанија
  • ја активирате функцијата Патник (Voyager) од левото мени за да одите на виртуелна експедиција, да одговорите на квиз и многу друго.

Спротивно на другите апликации во облак на Google, Google Earth не ја покажува иконата на мрежа со апликации. Кога ќе завршите, внесете google.com во лентата за пребарување за да се вратите на google.com каде ќе ја видите повторно иконата на мрежа со апликации.

Google Travel е за планирање патувања и за резервации, слично на Lonely Planet или TripAdvisor. Можете да:

  • резервирате хотели, летови и друго
  • ѝ дозволите на Google да ги користи вашите претходни пребарувања и други зачувани податоци за да ви предложи дестинации
  • ја користите алатката Explore за да видите светска мапа со означени дестинации, секоја со фотографии цени
  • кликнете на Создај патување (Create a trip) и да ги следите едноставните чекори за да почнете да го планирате патувањето од соништата
  • добивате временски прогнози и совети за патување што се ажурираат автоматски.

Google Duo и Microsoft Skype

Овие две различни апликации се повеќе од едноставни апликации за видеоразговори. Тие можат да го поврзат вашиот број на мобилен телефон со нивната услуга за разговор, и Skype ви овозможува дури да бирате и фиксни телефонски броеви.

Google Duo ви овозможува:

  • да го поставите со вашиот број на мобилен телефон и да пренесувате повици на вашиот компјутер. Ова може да биде поудобно и ви овозможува да правите други нешта додека разговарате
  • да повикате други корисници на Duo преку нивните адреси на е-пошта (email address) или броеви на мобилен телефон (mobile number), што е полесно да го запомнете (и со вас може да се контактира на овој начин)
  • да ја поставите Duo да користи паметен звучник или екран, како што е Google Nest Max, за да вршите и примате повици преку Duo.

За да користите некои функции, вашиот давател на услуга за мобилна телефонија мора да ја поддржува Google Duo. Можете да го повикате давателот за да го прашате за ова.

Microsoft Skype ви овозможува:

  • да повикувате фиксни телефонски броеви од апликацијата во облак, вклучувајќи и голем број меѓународни броеви
  • да купувате кредит на Skype за да ги вршите овие повици и да плаќате само за она што ви треба
  • да повикувате други корисници на Skype бесплатно, секаде во светот.
Апликацијата FaceTime на Apple е слична на Duo и Skype, но функционира само со уреди Apple ако вградена апликација. Ова значи дека нема верзија во облак до која можете да пристапите преку веб-прегледувач.

Google News, Shopping, Podcasts и Translate

Еве еден избор од апликации во облак на Google што прават интересни и корисни нешта што можете да ги користите секојдневно. Најдете ги овие апликации во панелот со икони на апликации на google.com, но запомнете дека можеби ќе треба да го прелистате панелот за да ги видите.

Google News ви покажува вести што ви се важни. Има:

  • национални и меѓународни новини
  • дел За вас (For you) со новини што се базираат врз вашите пребарувања на интернет преку Google
  • локални новини (local news), ако сте ѝ дале дозвола на Google да ја знае вашата локација.

Поткасти на Google (Google Podcasts) ви овозможува да слушате поткасти преку вашиот компјутер. Можете да:

  • видите список со Популарни и актуелни (Popular & trending) поткасти
  • најдете поткасти според категорија, на пример врвни поткасти во комедија (Top podcasts in Comedy)
  • го користите левото мени за да Истражувате (Explore) забавни емисии и серии, да управувате со Претплати (Subscriptions) на поткасти и да поставите Редови на чекање (Queue) од епизоди на поткаст.

Google Shopping покажува една страница со избрани производи и цени, и можете да кликнете на некој производ за да го купите. Некои производи се од вашите претходни пребарувања, а други се Инспирирани од вашето прегледување (Inspired by your browsing). Вашите најнеодамнешни прегледани производи се наоѓаат најгоре.

Google Translate функционира на повеќе од 100 јазика, кои можете да ги изберете од паѓачки список. Внесете текст во левото поле и преводот се појавува во десното. Исто така, можете да поставите документ, или да ја насочите апликацијата на некоја веб-страница и апликацијата ќе го преведе сиот текст.

Апликациите во облак на Google функиоцнираат најдобро кога ја користите Google како прегледувач и кога ќе ѝ дадете на Google дозвола да ја гледа вашата локација. Ако не сакате да го направите тоа, можете да продолжите да ги користите апликациите во облак на Google, но некои функции и поставки може да бидат недостапни.

Find iPhone, Reminders и Google Keep на Apple

Овие апликации може да ви помогнат во секојдневниот живот, особено ако ви треба малку помош да запомнете каде сте оставиле нешто или што треба да направите.

Најди го мојот iPhone (Find My iPhone) во овозможува да ја видите последната позната локација на вашиот уред Apple. Таа е наречена Најди го мојот iPhone (Find My iPhone) на icloud.com, но на уред Apple, таа може да се нарекува Најди го мојот (Find My). Најпрво треба да ја поставите Најди го мојот (Find My) на вашиот уред Apple, а потоа треба да одите на www.icloud.com/find и да се најавите со вашето Apple ИД. Потоа, следете ги чекорите за да ја видите локацијата на вашиот загубен, украден или заборавен уред Apple.

Потсетници (Reminders) ви овозможува да правите белешки, па дури и говорни пораки за себе и да ги синхронизирате овие белешки со уредите Apple и icloud.com. Ова значи дека можете да пристапите до нив од дома и кога се наоѓате надвор.

Google Keep ви овозможува да бележите потсетници. Кога потсетникот Keep истекува, ќе добиете известување за него на паметниот телефон со Android (ако имате таков) и во вашиот веб-прегледувач ако сè уште сте најавени на Google.

Keep исто така ви овозможува да бележите белешки, да им ставате етикети како Лични (Personal) или Семејна историја (Family History) и да вклучувате слики.